И покрај вооружениот конфликт, во Украина е засеано повеќе жито отколку минатата година

И покрај вооружениот конфликт, во Украина е засеано повеќе жито отколку минатата година

 

 

Украинските земјоделци посеаа околу 400.000 хектари различни пролетни култури, 10 отсто повеќе отколку на истиот датум минатата година, и покрај вооружениот конфликт, изјави украинскиот заменик министер за земјоделство Тарас Висоцки.

Недостигот на гориво не влијаеше на сеидбата, нагласи украинскиот функционер. „Преговараме со добавувачите за да не престане сеидбата“, рече Висоцки.

Поранешниот украински министер за земјоделство Роман Лешченко, кој поднесе оставка минатата недела поради здравствени причини, изјави дека пролетните култури оваа година може да се посеат на само околу седум милиони хектари, половина од 2021 година.

Според него, Министерството ги повикало земјоделците да сеат повеќе пролетна пченица, хељда, овес, просо и пролетен јачмен. Површината под сончоглед и пченка може да се намали, проценил тој. Тој одбил да ја предвиди жетвата на жито во 2022 година бидејќи „ситуацијата не е целосно стабилизирана“.

– Областа погодена од воените дејствија постојано се движи и се надеваме дека ситуацијата ќе се промени, дека ќе се постигне мир и дека ќе можеме да ги сееме барем доцните посеви во областите кои сега се во воената зона, рече министерот.

Во меѓувреме, Висоцки е заменет со Микола Солски, авторот на реформата на украинското земјоделство, која вклучува продажба на земјоделско земјиште на странци. Украина е главен светски производител и извозник на земјоделски производи, а непријателствата би можеле нагло да ја намалат жетвата во 2022 година и извозот во сезоната 2022/2023.

Од почетокот на војната го прекинаа извозот на ‘рж, овес, просо, хељда, сол, шеќер, месо и добиток, а воведоа и забрана за извоз на пченица. Сепак, владата рече дека нема да го ограничи извозот на пченка и сончогледово масло. Висоцки денеска изјави дека залихите на пченка во Украина на крајот на март изнесувале 13 милиони тони, а залихите на пченица 3,8 милиони тони.

Минатата недела министерот Солски изјави дека вредноста на залихите на жито наменети за извоз изнесува 7,5 милијарди долари, но не прецизира колкава сума. Глобалните цени на храната ќе продолжат да растат доколку ситуацијата во Украина не се промени по инвазијата, додаде новиот министер за земјоделство.

 

Категории: Вести, Слајдер