(Видео) Многупати е пишувано и зборувано за тоа – но дали точно знаеме што е одржливо земјоделство?
Во многу од нашите досегашни текстови, пишувавме за „одржливо земјоделство“, но колкумина навистина разбираат што всушност претставува оваа фраза?
Одржливото земјоделство овозможува трајно производство на примарни земјоделски производи, користејќи одобрени хемикалии кои имаат најмалку штетно влијание врз животната средина и здравјето на луѓето.
Тоа се потпира на принципите на одржлив развој, бидејќи обезбедува храна, греење и растителни влакна, истовремено почитувајќи ги економските и социјалните ограничувања кои обезбедуваат одржливост на производството, каде перформансите на животната средина се поважни од економската ефикасност.
Сите агротехнички мерки на одржливо земјоделство го намалуваат или избегнуваат загадувањето на почвата, водата и воздухот и како такви се алтернативи за интензивно земјоделство, кое е се повеќе ризично за животната средина и се напушта во Европската унија.
Принципите на одржливо земјоделство се, пред сè, употреба на локални ресурси, како што се биолошка фиксација на азот, реставрација на почвата, употреба на природни непријатели во заштитата на растенијата и примена на земјоделски нуспроизводи и други активности.
Да не должиме повеќе, на следниот линк можете да погледнете низа од куси видеа каде што на едноставен анимиран начин се претставени принципите на одржливо земјоделство: