Вторник 18.01.2022: Сончево со мала, а во северните предели со умерена облачност, каде особено претпладне ќе има услови за локално провејување на снег. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието ЗАСИЛЕН ветер од северен правец. Температурите ќе бидат малку пониски, особено максималните. Минималните пак ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.
Среда 19.01.2022: Сончево, а особено долж Повардарието со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе бидат ниски и истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.
Четврток 20.01.2022: Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови од запад облачноста ќе се зголемува, и во западните предели особено навечер и во текот на ноќта кон петок ќе има повремени врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и на некои од ниските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, и истиот особено во западните предели ќе засилува на интензитет. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
Вторник 18.01.2022: Сончево со мала локална облачност и со умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -4 и -3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 3 степени.
Среда 19.01.2022: Сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -7 степени, додека максималната ќе се искачува во интервалот помеѓу 2 и 3 степени.
Четврток 20.01.2022: Сончево со мала до умерена облачност, попладне и навечер облачноста ќе се зголемува и особено во доцните вечерни часови и во текот на ноќта кон петок ќе има услови за повремени врнежи од дожд и од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени.
Вторник 18.01.2022: Сончево со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 5 степени.
Среда 19.01.2022: Сончево со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 4 степени.
Четврток 20.01.2022: Сончево со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -4 степени, додека максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.
Вторник 18.01.2022: Сончево со умерена локална облачност а особено претпладне ќе има услови за локално и сосема слабо провејување на снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 4 степени.
Среда 19.01.2022: Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 3 степени.
Четврток 20.01.2022: Претежно сончево со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 5 степени.