Среда 02.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со слаб до умерен, а попладне Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури и понатаму речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 10 степени.
Четврток 03.03.2022: Сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од северозападен правец. Ветерот особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 2 степени во најтоплите предели, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.
Петок 04.03.2022: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Особено од пладневните часови па натаму и тоа од запад ќе започнуваат нови врнежи претежно од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Снежната граница повремено има услови да се спушта и под 1000 метри. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на мал пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.
Среда 02.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -9 и -6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 5 степени.
Четврток 03.03.2022: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -6 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат до околу 5 степени.
Петок 04.03.2022: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Од пладневните часови па натаму ќе растат условите за повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Има услови снежната граница повремено да се спушта и под 1000 метри. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -3 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 6 степени.
Среда 02.03.2022: Променливо облачно и релативно СТУДЕНО со слаб до умерен, а попладне повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 8 степени.
Четврток 03.03.2022: Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу -4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 8 степени.
Петок 04.03.2022: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во доцните попладневни и вечерни часови ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до околу -4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 10 степени.
Среда 02.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со слаб до умерен, а попладне повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.
Четврток 03.03.2022: Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.
Петок 04.03.2022: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Особено во доцните попладневни и вечерни часови ќе има услови за повремени врнежи претежно од дожд, додека на местата со поголема надморска височина ќе има услови за врнежи од снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.
Временските услови кои што ќе го карактеризираат следниов период овозможуваат извршување на резидбата кај овошните и лозовите насади. При овие температури, папките кај овошките и виновата лоза сеуште се во латентна (заспиена) фаза.