Џем Оздемир: Јадете помалку месо за борба против Путин?!

Џем Оздемир: Јадете помалку месо за борба против Путин?!

 

Понекогаш изјавите на политичарите знаат да бидат „надреални“ па секој од нас на моменти се запрашува „Дали навистина веруваат во ова што го говорат?“ Зборувајќи за проблемот со храната, германскиот министер за земјоделство, Џем Оздемир, предложи Германците да јадат помалку месо. И тоа би било сосема разбирливо и во ред, но во продолжеие на својата изјава Оздемир вели дека оваа мерка, на некој начин, може да влијае како дел од санкциите против Руската федерација.

Тој ги повика да се воздржат од трошење храна за да придонесат во борбата против Русија, која, според него, наводно ги користи залихите со храна како оружје.

„И покрај тоа што сум вегетаријанец, нема да проповедам дека секој треба да биде вегетаријанец. Но, да поедноставиме: јадењето помалку месо би било придонес против Путин“, изјави германскиот министер за Шпигел на прашањето дали германските власти ќе мора да ги зголемат трошоците на житарки од германско производство за јавна потрошувачка.

 

Категории: Вести, Слајдер