Како навреме да ја детектирате пламеницата на виновата лоза и кои мерки да ги преземете?

Како навреме да ја детектирате пламеницата на виновата лоза и кои мерки да ги преземете?

Пламеницата на виновата лоза која треба навреме да ја детектирате за успешна заштита, потекнува од Северна Америка. Во Европа е внесена во 1874 година, со подлоги отпорни на филоксерата. Прва посилна појава на болеста е забележана во областа Бордо, Франција во 1878 година. Набрзо потоа, пламеницата се проширила низ целот европски континент и пошироко.

Ги напаѓа сите видови од родот Vitis, а особено е осетлива европската лоза – Vitis vinifera. Развојот на болеста се совпаѓа со фазата на отворање на цветните папки. Временските услови што се карактеристични во оваа фаза овозможуваат потенцијален ризик од развивање на болеста пламеница на виновата лоза. Заболувањето настанува како резултат на развојот на габата (lat. Plasmopara viticola) и нејзините метаболити.

Пламеницата, заедно со пепелницата, е најопасна и најчеста болест кај виновата лоза. Може да ги нападне сите делови на лозата но, најчесто прави штети на грозјето и листот. Габата која е главен причинител,  презимува во облик на зимски спори на опаднатите листови (слики!). Првите пролетни зарази се можни во случај на исполнување на  соодветни временски услови (просечната дневна температура да не падне под 11 степени во период од 3 дена, а во текот на 24 часа да падне барем 10мм воден талог). Зимските спори на опаднатите листови р`тат во пролет во посебни творби наречени макроспорангии, од кои се развиваат зооспори. Ветерот и дождовните капки ги пренесуваат зооспорите на младите листови и се создаваат услови за инфекција во делови од насадот каде што ова габа не е присутна. Првите зарази обично се појавуваат во втората половина на мај. Зооспорите ртат и навлегуваат во растението преку стомините отвори.

Незаразени стомини отвори (горните две слики) и заразени стомини отвори (долните две слики)

По неколку дена можат да се забележат видливи знаци на жолтеникави маслени дамки. Истовремено за период од 24 до 48 часа се појавува бела превлака во вид на мувла во која се создаваат летните спори причинители на натамошните зарази. Времето од почетокот на заразата до појава на првите видливи знаци може да трае од 12 – 15 дена, а додека во потоплите денови овој период може да трае уште пократко 4 – 6 дена. Пламеницата исто така може да ги зафати и зрната од гроздот се додека не постигнат големина на од 5 – 7 мм и не се покријат со восочна материја. Зараза може да се случи и во подоцнежните зфази на раст, каде што навлегувањето на габата се одвива преку отворените стоми на рачката од гроздот.

За успешна заштита се препорачува навремено третирање со фунгициди на база на дитиокарбамати.

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Култури