Дали пчеларите ќе плаќаат пашарина ако нивните пчели се хранат на државните пасишта?

Дали пчеларите ќе плаќаат пашарина ако нивните пчели се хранат на државните пасишта?

Јавниот увид на предлог-законот за пасишта заврши на 26ти јуни во чиј состав под член 23 се предвидува пчеларите кои користат пасишта за поставување на пчелни семејства да плаќаат колективна пашарина во износ од 0,3 проценти од просечната нето-плата исплатена за минатата година во Македонија. Исто така, покрај колективната пашарина за пчеларите кои што имаат закупено пасиште кое е во државна сопственост истите треба да платат одредена сума за закупнина која што е постигната за време на јавното наддавање за давање под закуп на државното место.

Поголемиот дел од пчеларите го сметаат овој предлог-закон за апсурден, бидејќи во земјоделското производство на храна активноста на пчелите е секогаш добредојдена, дури доаѓа до степен финансиски да им се исплаќа на пчеларите за да дел од пчелите се преместат во производствените парцели за да го подобрат процесот на опрашување.

Како последна шанса на пчеларите да издејствуваат против членот 23 претставува јавната расправа по предлог-законот за пасишта кој е објавен на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) и ќе се одржи на 2 јули.

Категории: Вести

Слични Новости