Понеделник 05.07.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите и понатаму ќе останат пријатно високи и не се очекуваат некој пеколни горештини. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Вторник 06.07.2021: Сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец и истиот Долж Повардарието ќе засилува. Температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите денови. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
Среда 07.07.2021: Претежно сончево и топло со мала локална облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите поради продор на топла воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на понатамошен пораст. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.Понеделник 05.07.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за ретка појава на краткотраен локален дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштат до околу 15 степени, додека максималната температура ќе достигне до 29 степени.
Вторник 06.07.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 32 степени.
Среда 07.07.2021: Претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 33 и 34 степени.
Понеделник 05.07.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 15 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 32 степени.
Вторник 06.07.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималната температура на воздухот ќе се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 33 степени.
Среда 07.07.2021: Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачу до околу 35 степени.
Понеделник 05.07.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 16 степени, додека максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 30 степени.
Вторник 06.07.2021: Сончево со умерена локална облачност и со умерен северен ветер. Повремено интензитетот на ветерот ќе се засилува. Минималните температури ќе бидат во интервалот од 12 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 32 степени.
Среда 07.07.2021: Сончево и топло, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 35 степени.
Пониските температури кои што не очекуваат наредниот период, всушност претставуваат оптимални температури за забрзан развој на патогени и штетници. Внимателно следете ја ситуацијата во вашето производство и реагирајте соодветно !
Поради високиот УВ индекс апел до сите земјоделци да водат грижа за своето здравје за време на работа !