Тридневна временска прогноза (31.07.2021)

Тридневна временска прогноза (31.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 31 јули –  2 август 2021 година

Сабота 31.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).

Недела 01.08.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен и од северозападен правец, истиот доцна попладне и навечер Долж Повардарието ќе засилува. Температурите поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од северните предели на Африка, остануваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и значително над просекот. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).

Понеделник 02.08.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО. Ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено на некои места СИЛЕН ветер од западен правец. Температурите ќе бидат уште повисоки, особено максималните дневни, а минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 23 степени. Во текот на денот ќе се искачуваат во интервалот од 36 до 44 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).