Тридневна временска прогноза (09.08.2021)

Тридневна временска прогноза (09.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 9 август –  11 август 2021 година

Понеделник 09.08.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од променлив правец. Во попладневните часови има услови за сосема ретка појава на нестабилност. Температурите ќе белат тенденција на пораст, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од југ (северните предели на Африка) и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени. УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 8 и 9).

Вторник 10.08.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите остануваат МНОГУ ВИСОКИ и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 8 и 9). 

Среда 11.08.2021: Сончево и понатаму МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од северозападен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално не се исклучува можноста за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер и со појава на град. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 8 и 9).