Што е биоекономија и може ли оптимално да се користат биолошките ресурси?
Во текот на следните децении, светот ќе биде сведок на зголемена конкуренција за ограничени природни ресурси. На растечката глобална популација ќе и треба сигурно снабдување со безбедна храна. И климатските промени ќе имаат влијание врз примарните системи за производство, како што се земјоделството, шумарството, рибарството и аквакултурата.
Потребен е премин кон оптимална употреба на обновливите биолошки ресурси. Мораме да се движиме кон одржливи примарни системи за производство и преработка кои можат да произведат повеќе храна, влакна и други био-базирани производи со помал инпут, помало влијание врз животната средина и намалени емисии на стакленички гасови.
За да ја одржи конкурентноста, Европа ќе треба да обезбеди доволно снабдување со суровини, енергија и индустриски производи во услови на намалување на фосилните јаглеродни ресурси. Се очекува производството на нафта и течен гас да се намали за околу 60 % до 2050 година.
Био-отпадот (проценет до 138 милиони тони годишно во Унијата, од кои до 40 % се депонира во почвата) има висока потенцијална додадена вредност како суровина за други продуктивни процеси.
Биолошките ресурси и екосистеми би можеле да се користат на поодржлив, ефикасен и интегриран начин.
Отпадот од храна претставува уште еден сериозен предизвик. Околу 30 % од целата храна произведена во развиените земји се фрла. Потребни се големи промени за да се намали оваа количина за минимум 50 % во Унијата до 2030 година.
Со својата вкрстена природа, Биоекономијата нуди единствена можност за решавање на сложени и меѓусебно поврзани предизвици, истовремено постигнувајќи економски раст.
Тоа може да и помогне на Европа во транзицијата кон ресурсно поефикасно општество кое силно се потпира на обновливи биолошки ресурси за да ги задоволи потребите на потрошувачите, побарувачката на индустријата и да се справи со климатските промени.
Биоекономијата – со сите аспекти кои ги опфаќа (одржливото производство на обновливи ресурси од земјоделството, рибарството и аквакултурата) и нивна конверзија во храна, прихрана, био-базирании производи од влакна наменети за индустријата, био-енергија, како и сродни јавни добра – е важен елемент на одговорот на Европа кон предизвиците кои претстојат. Биоекономијата го вклучува примарното производство, како што се земјоделство, шумарство, рибарство и аквакултура и индустрии кои користат/преработуваат биолошки ресурси, како што се индустријата за храна, индустријата за хартија, како и делови од хемиската, биотехнолошката и енергетската индустрија.
За подобро да разберете што е биоекономија, погледнете го ова симпатично кусо анимирано видео:
Биоекономијата претставува пазар вреден над 2 трилиони евра, обезбедувајќи 20 милиони работни места и претставува 9 % од вкупното вработување во Унијата во 2009 година. Инвестициите во истражување и иновации ќе и овозможат на Европа да преземе лидерство на засегнатите пазари, да игра улога во постигнувањето на целите на стратегијата „Европа 2020“ и да има придонес за ресурсно ефикасна Европа. Биоекономијата, управувана на одржлив начин, може да го намали јаглеродниот отпечатокот врз животната средина од примарното производство и синџирот на снабдување како целина. Тоа може да ја зголеми нивната конкурентност, да ја зголеми самодовербата на Европа и да обезбеди работни места и деловни можности. Биоекономијата може да придонесе за изградба на поконкурентна, иновативна и просперитетна Европа.
Секое евро инвестирано во истражување и иновации за биоекономија во рамките на „Хоризонт 2020“ ќе генерира околу 10 евра во додадена вредност. Исто така, ќе придонесе за целта на Комисијата за „Европа 2020“ за премин во економија со ниско ниво на јаглерод до 2050 година и за водечките иницијативи „Унија за иновации“ и „Ефикасна ресурсна Европа“.
Доколку сеуште не ви е најјасно, погледајте го и ова кусо видео каде што подетално е објаснет концептот за биоекономија:
Извор: ec.europa.eu