Како да се надмине дигиталниот јаз во неразвиените земјоделски општества?

Како да се надмине дигиталниот јаз во неразвиените земјоделски општества?

 

Брз чекор со развиените земјоделски економии, земји како Македонија може да направат само со поголема дигитализација во земјоделството. Разликата меѓу богатите европски и останати земји од светот кои имаат високи приноси од земјоделството може да се достигне доколку се инвестира во новите технолошки трендови. Но, тоа е полесно да се каже отколку да се реализира бидејќи потребни се иновации, но и знаење како да се имплементираат новитетите.

Кју Донгју

Кју Донгју генерален директор на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), повика на намалување на дигиталната поделба и ја повтори заложбата на ФАО да ја промовира употребата на дигиталните технологии. Донгју смета дека од суштинско значење за земјоделско-прехранбените системи е дигиталната трансформација која е многу потребна.

Заложбите на ФАО за полесна примена на дигиталните технологии може да биде голем поттик како на ниво на влади и министерства, така и на поединечно ниво бидејќи многу едукативни алатки ќе бидат ставени на располагање.

Кју силно се залага за проширување на употребата на дигитални технологии, особено во руралните области, каде што таквите технологии можат да се искористат за решавање на повеќе неуспеси на пазарот. На пример, надминување на асиметријата на информации за цените на производите и инпутите, недостигот на пристап до финансиски услуги, и олеснување на пристапот на земјоделците од мали претпријатија до пазарите. Особено руралните жени, се во најнеповолна положба од недостигот на поврзаност со дигиталните решенија.

„Поврзувањето е драстично подобрено, но останува дигиталната поделба помеѓу земјите, меѓу руралните и урбаните области“, рече Кју на обраќањето на онлајн форумот на Г20 за дигитална економија.

За целосна поврзаност со интернет во руралните области до 2030 година ќе бидат потребни речиси 500 милијарди долари. Сумата можеби звучи превисока но, загубите од некомпетитовноста, лошиот менаџмент на ресурси и недоволните информации за преземање климатски акции во земјоделско-прехранбениот сектор се многу повисоки.

ФАО, исто така, дејствува како главен приклучок, собирајќи широк спектар на партнери за употреба на дигитални технологии. Во овој поглед, Меѓународната платформа за дигитална храна и земјоделство на ФАО која наскоро ќе биде во функција ќе обезбеди место за дијалог, креирање политики и зајакнување на врските помеѓу форумите за земјоделство и дигитална економија, поддржувајќи ги владите да ги зголемат придобивките од дигиталното земјоделство.

Продуктивноста во земјоделството може да се зголеми со ИКТ и дигиталните решенија, алатки за прецизно земјоделство, алатки за управување со климатските предизвици, но и воопшто пристап до дигитални јавни и извор на финансии.

 

Категории: Вести, Зелен развој