Среда 01.09.2021: Сончево, попладне и навечер со умерена локална облачност, кога ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, и истиот Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите остануваат без поголеми промени, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 32 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Четврток 02.09.2021: Претежно сончево и посвежо, со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите поради спуштање на посвежа воздушна маса од север ќе бидат пониски за разлика од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат пониски, особено наутро и тоа поради влијанието на свежата воздушна маса од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Среда 01.09.2021: Сончево, попладне со умерена локална облачност, кога ќе има мали услови за сосема ретка појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 10 и 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 27 и 28 степени.
Четврток 02.09.2021: Претежно сончево и посвежо со умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 23 и 24 степени.
Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 8 и 9 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 27 степени.
Среда 01.09.2021: Сончево и топло, попладне со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 13 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 30 степени.
Четврток 02.09.2021: Претежно сончево и посвежо со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 12 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 27 степени.
Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 11 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 28 степени.
Среда: 01.09.2021: Сончево, попладне и навечер со умерена локална облачност, кога ќе има услови за ретка појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 26 степени.
Четврток 02.09.2021: Сончево и посвежо. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 23 степени.
Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 27 степени.
Поради високиот УВ индекс апел до сите земјоделци да водат грижа за своето здравје за време на работа !
Паднатата количина на дожд може да создаде поволни услови и да го забрзаат процесот на развивање на бактериски и габни инфекции. Препорачливо е да се обрне поголемо внимание врз посевите на отворено, но и во затворен простор.
Температурите имаат тенденција на опаѓање, може да се забележи успорен раст кај одредени култури.