Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со мала локална облачност. Во текот на денот облачноста полека ќе се зголемува и во западните предели ќе има услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурите остануваат релативно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 22 степен.
Сабота 23.10.2021: Променливо облачно. Попладне со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено изразен во западните предели. Температурите и понатаму остануваат релативно високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 23 степени.
Недела 24.10.2021: Променливо облачно и постудено со услови за повремен локален слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на пад, и тоа поради влијанието на постудената воздушна маса од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.
Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 6 и 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.
Сабота 23.10.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.
Недела 24.10.2021: Променливо облачно и постудено со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 13 степени.
Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 7 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 21 степен.
Сабота 23.10.2021: Променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 10 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 21 степен.
Недела 24.10.2021: Променливо облачно и постудено со умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 17 степени.
Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 19 степени.
Сабота 23.10.2021: Променливо облачно. Попладне со услови за локален слаб дожд, Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 20 степени.
Недела 24.10.2021: Променливо облачно и постудено со услови за повремен локален слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 14 степени.
Количината на паднатиот дожд многу позитивно ќе влијае врз растворувањето на минералните ѓубрива и ќе овозможи добар старт на житариците кои што ќе се сејат.
Топлата воздушна маса и умерениот ветер на некои места ќе придонесе кон сушење на површинскиот слој од почвата, што ќе создаде оптимални услови за нејзина обработка.