На фејсбук страната на општината Росоман беше објавено дека ќе се изврши исплата на штети од елементарн незгоди.
,,Врз основа на Одлука на Влада на Република Северна Македонија бр.40-13585/1 од 28.12.2021 година, на општина Росоман и се доделени финансиски средства во износ од 8.959.000,00 денари, средства наменети за исплата на штети од елементарни непогоди (мраз, слана и град) кои ја зафатија територијата на општина Росоман во 2020 година.’’
Горенаведените средства од страна на Општина Росоман се префрлени на сметките на оштетените земјоделци кои во текот на 2020 година до Комисијата за проценка на штети во општина Росоман ја пријавија настанатата штета.
Средствата на оштетените земјоделци ќе им бидат на располагање, денес, 12.01.2022 година.
Слични Новости

Хрватска го продолжи мораториумот на продажба на земјоделско земјиште на странци иако е членка на ЕУ
