ФАО лансираше нова онлајн платформа што ќе ги поддржува земјите и заедниците да го следат напредокот во обновување на оштетените и деградирани екосистеми, на официјалниот почеток на Декадата на ООН за реставрација на екосистемите 2021-2030.
Пред почетокот на Декадата на ООН, земјите се обврзаа да обноват до 1 милијарда хектари земја – површина приближно со големина на Кина – според различни меѓународни договори, вклучувајќи го и Бон Предизвикот.
Новата рамка на ФАО за мониторинг за обновување на екосистемот (ФЕРМ) ќе помогне во мерењето на напорите за обновување на различни нивоа низ клучните еко-системи и генерирање на податоци потребни за придвижување на приватни и јавни инвестиции во обновувањето.
„Нашата планета има итна потреба од обновување на еко-системот, и за да се стори тоа ќе бидат потребни и ефективни проекти за обновување и инвестиции“, рече Вишиот службеник за шумарство на ФАО, Џулијан Фокс.
Тој додаде дека новата платформа ФЕРМ ќе има клучна улога во градењето доверба и динамика на напорите за обновување, што пак помага да се решат климатските промени, деградацијата на земјиштето и загубата на биолошката разновидност, како и да се работи во насока на многу од целите на одржливиот развој на Обединетите Нации.
ФЕРМ ја користи најновата геопросторна технологија за да ги обезбеди основните податоци за обновување кои им се потребни на земјите, дизајнерите на проектите и инвеститорите. Таа се надоврзува и е развиена во тесна соработка со гео-просторната платформа на ФАО и ги интегрира клучните податоци и платформи од техничките оддели.
Платформата ФЕРМ вклучува интерактивна алатка за планирање на обновување на шумите што им овозможува на носителите на одлуки да ги проценат најдобрите локации, земајќи ги предвид и биофизичките и социо-економските приоритети и земајќи ги предвид придобивките, трошоците и ризиците. Алатката е базирана на Системот на ФАО за пристап до податоци за набљудување на земјиштето, обработка и анализа на мониторинг на земјиштето (СЕПАЛ), кој е интегриран со ФЕРМ.