Каков е планот на Лидл за влез на македонскиот пазар?
Преглед
Познатиот ланец на супермаркети Лидл од Германија наскоро ќе влезе и на македонскиот пазар, барем такви се најавите од владиниот врв.
Очекувањата се дека Лидл ќе инвестира околу 300 милиони евра. Во Скопје ќе биде отворено откупно-дистрибутивен Центар. Најверојатно и првиот голем маркет ќе биде отворен во главниот град.
Во почетните фаза уште седум маркети на Лидл ќе никнат ширум земјата. Исто така е предвидено Лидл да откупува македонски производи кои ќе ги продава во отворените маркети, но и да ги пласира и во регионот.
„Лидл“ ќе има обврска да откупува земјоделски и кондиторски производи, се разбира кои што се компетитивни, и да ги продава во своите ланци низ Југоисточна Европа“ потенцираше премиерот Зоран Заев при претставување на информации поврзани со инвестицијата на германскиот синџир на маркети.
Лидл е препознатлив по тоа што има многу ниски цени на производите и голем избор на брендови на “рафтовите”.
Слични Новости
Четири компании добија финансиска поддршка за дигитализација на земјоделството во првиот предизвик на ФИТР
Дали треба да се осврнеме наназад за да тргнеме напред: Валидирање на екосистемските придобивки од легуминозните растенија

