Петок 03.12.2021: Претежно облачно со умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Од попладневните часови и тоа од запад ќе се прошируваат повремени локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Температурите ќе бидат значително повисоки, особено наутро и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
Сабота 04.12.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег. Температурите ќе бидат малку пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
Недела 05.12.2021: Променливо облачно со умерен, а во вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд, додека на високите планини ќе има услови за врнежи од снег. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
Петок 03.12.2021: Претежно облачно со умерен, повремено и локално засилен ветер од јужен правец. Попладне и навечер ќе има повремени врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 12 степени.
Сабота 04.12.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Мали се условите за сосема слаб локален дожд, на планините од снег. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 7 степени.
Недела 05.12.2021: Променливо облачно со умерен, а во вечерните и ноќните часови повремено засилен ветер од јужен правец. Доцна попладне и навечер ќе има повремени врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 2 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 11 степени.
Петок 03.12.2021: Претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 13 степени.
Сабота 04.12.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 7 степени.
Недела 05.12.2021: Променливо облачно со умерен ветер од јужен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 12 степени.
Петок 03.12.2021: Претежно облачно со умерен, повремено и локално засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
Сабота 04.12.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено и локално ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 0 и 1 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 9 степени.
Недела 05.12.2021: Променливо облачно со умерен, а во вечерните и ноќните часови повремено и локално засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.
Не очекува пад на температурите, особено во утринските часови. Препорачливо е зимските градинарски култури на отворено да се заштитат со поставување на мали тунели со полиетилен. Дополнително, расадот кој што се спрема соодветно да биде заштитен со дополнително и засилено затоплување.