Среда 07.07.2021: Претежно сончево и топло со мала локална облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите поради продор на топла воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на понатамошен пораст. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени
Четврток 08.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец и иситот повремено на некои места ќе засилува. Температурите поради влијанието на топлата воздушна маса од југ ќе останат многу високи. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.
Петок 09.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Температурите и понатаму ќе останат високи и тоа под влијание на топлата воздушна маса од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 22 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.
Среда 07.07.2021: Претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 33 и 34 степени.
Четврток 08.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат од 32 до 34 степени.
Петок 09.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 17 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 34 степени.
Среда 07.07.2021: Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 35 степени.
Четврток 08.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 17 степени, додека максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.
Петок 09.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за нестабилност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималната температура ќе се спушти до околу 20 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 33 степени.
Среда 07.07.2021: Сончево и топло, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 35 степени.
Четврток 08.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец и истиот повремено и локално ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 18 степени, додека максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 35 степени.
Петок 09.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со услови за појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 35 степени.
Повторно зголемување на дневните температури – Обратете поголемо внимание при наводнување на вашите култури. Користењето на мрежи за сенка може да го зачуваат квалитетот на вашите плодови.
Поради високиот УВ индекс апел до сите земјоделци да водат грижа за своето здравје за време на работа !