Тридневна временска прогноза (07.12.2021)

Тридневна временска прогноза (07.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 6 – 8 декември 2021 година

Вторник 07.12.2021: Поради спуштање на студена воздушна маса од север, времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. На повисоките места и на планините ќе се формира нова снежна покривка, а услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.  Температурите ќе бележат тенденција на значително опаѓање, особено максималните дневни. Додека минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени.

Среда 08.12.2021: Претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Поради разведрувањето минималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Четврток 09.12.2021: Променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд, додека на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.  Температурите наутро сеуште ќе бидат ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе бидат повисоки за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.