Тридневна временска прогноза (17.03.2022)

Тридневна временска прогноза (17.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 17 – 19 март 2022 година

 

Четврток 17.03.2022: Променливо облачно со појава на локален дожд и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури и тоа поради облачноста ќе бидат повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7 степени, додека максималните ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите два дена и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Петок 18.03.2022: Променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со услови за локални послаби врнежи од дожд и снег на ниските, и само од снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени и ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Сабота 19.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со услови за локално провејување на снег, особено во јужните предели. Во југоисточните предели пак ќе има услови за слаби локални врнежи претежно од дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.