Тридневна временска прогноза (17.07.2021)

Тридневна временска прогноза (17.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 17 – 19 јули 2021 година

 

Сабота 17.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува. Попладне и навечер ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и со појава на град. Температурите ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови, но сепак и понатаму ќе бидат многу високи. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).

Недела 18.07.2021: Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе бидат за неколку степени пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).

Понеделник 19.07.2021: Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.  Температурите и понатаму ќе бележат тенденција на мало опаѓање и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).