Среда 22.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на значително постуден воздух од север, на највисоките планински врвови не се исклучува можноста и за провејување на снег. Температурите ќе бидат уште пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени, кон крајот на денот значително ќе започнат да опаѓаат. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 5).
Четврток 23.09.2021: Сончево и СВЕЖО со умерена локална облачност и со умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Наутро ќе биде и СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 11 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Петок 24.09.2021: Сончево и потопло преку ден со умерена локална облачност, особено во источните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде доста студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 9 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Среда 22.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Попладне и навечер ќе има услови за појава на локален дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 24 степени.
Четврток 23.09.2021: Сончево и СВЕЖО со умерена локална облачност и со умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.
Петок 24.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 4 и 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 25 степени.
Среда 22.09.2021: Променливо облачно и свежо со умерен ветер од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Ќе има и сончеви периоди, а ќе има услови и за појава на локален дожд во попладневните и во вечерните часови. Минималната температура ќе се спушти до околу 12 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 23 степени.
Четврток 23.09.2021: Сончево и СВЕЖО со умерена локална облачност и со умерен ветер од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 21 степен.
Петок 24.09.2021: Сончево и потопло преку ден со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 24 степени.
Среда 22.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и уште посвежо. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува на интезнитет. Попладне и навечер ќе има услови за локален дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 21 степен.
Четврток 23.09.2021: Сончево и СВЕЖО со умерена локална облачност и со умерен, повремено и локално засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 19 степени.
Петок 24.09.2021: Сончево и потопло преку ден со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 24 степени.
Не очекува ладен и влажен бран кој може да го поттикне развојот на сивото гниење кај виновата лоза.