Среда 24.11.2021: Претежно облачно. Особено во јужните и југоисточните предели со услови за повремен локален дожд, особено во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 11 степени.
Четврток 25.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во доцните вечерни и ноќните часови, од запад ќе започнат врнежи од дожд. Температурите нема многу да се менуваат, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 13 степени.
Петок 26.11.2021: Под влијание на влажен воздушен бран од запад, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, поинтензивни особено во претпладневните часови, додека попладне врнежите ќе бидат послаби и од локален карактер. На повисоките планини ќе има услови за врнежи од СНЕГ. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите, и тоа особено оние максималните ќе бележат тенденција на пад, додека минималните ќе останат без поголеми промени и ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека преку денот истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 11 степени.
Среда 24.11.2021: Претежно облачно со услови за повремен локален дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 3 и 4 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 9 степени.
Четврток 25.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во доцните вечерни и ноќни часови ќе започнат врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени.
Петок 26.11.2021: Претежно облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во претпладневните часови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 3 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени.
Среда 24.11.2021: Претежно облачно со слаб ветер од променлив правец и со услови за повремен локален дожд, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, додека максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.
Четврток 25.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 11 степени.
Петок 26.11.2021: Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и со умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 9 степени.
Среда 24.11.2021: Претежно облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени.
Четврток 25.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 12 степени.
Петок 26.11.2021: Претежно облачно со врнежи од дожд и тоа особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 11 степени.