Тридневна временска прогноза (25.10.2021)

Тридневна временска прогноза (25.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 25  – 27 октомври 2021 година

Понеделник 25.10.2021: Сончево со умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во јужната половина од државата каде ќе има услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет.  Температурите остануваат малку пониски за разлика од изминатите денови. Минималните температури ќе се спуштат во интервалот од 0 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.

 Вторник 26.10.2021: Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Локално ќе има нешто повеќе облачност, но врнежи не се очекуваат. Температурите и тоа особено наутро ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени.

 Среда 27.10.2021: Претежно облачно со услови за слаб локален дожд, претежно во северните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 19 степени, што значи дека истите ќе бидат без поголеми промени.