Четврток 26.08.2021:Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и тоа особено во западните предели повремено засилен ветер од западен правец. Температурите нема многу да се менуваат во споредна со оние од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Петок 27.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат за некој степен повисоки во однос на овие од изминатите денови, особено максималните. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Сабота 28.08.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Четврток 26.08.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од западен правец, особено попладне кога ќе има услови за ретка појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 15 и 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 30 степени.
Петок 27.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 13 и 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 29 и 31 степен.
Сабота 28.08.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 29 и 30 степени.
Четврток 26.08.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец и тоа особено попладне, кога ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 32 степени.
Петок 27.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 15 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 32 степени.
Сабота 28.08.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 32 степени.
Четврток 26.08.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 29 степени.
Петок 27.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Повремено и локално ветерот ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 32 степени.
Сабота 28.08.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност и со умерен ветер од јужен правец и истиот повремено ќе засилува. Попладне и навечер ќе има услови за сосема ретка појава на нестабилност. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 32 степени.
Поради високиот УВ индекс апел до сите земјоделци да водат грижа за своето здравје за време на работа !
Постои можност за појава на невреме. Препорачливо е проверка на конструкциите од кои се направени пластениците и стаклениците за да се избегне поголема штета.
Попладневни дождови што не очекуваат може да создадат поволни услови и да го забрзаат процесот на развивање на бактериски и габни инфекции. Препорачливо е да се обрне поголемо внимание врз посевите на отворено, но и во затворен простор.