Тридневна временска прогноза (27.11.2021)

Тридневна временска прогноза (27.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 27 – 29 ноември 2021 година

Сабота 27.11.2021: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд во западните предели. На високите планини ќе има услови за повремени врнежи од СНЕГ, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат повисоки и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Недела 28.11.2021: Променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Во западните предели ќе има повремени врнежи од дожд кој  доцна попладне и навечер ќе се прошират на повеќе места. Температурите остануваат релативно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Понеделник 29.11.2021: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кој поинтензивни ќе бидат во западните предели, додека на планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе бидат без поголеми промени и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.