Цените на месото со поумерен раст!

Цените на месото со поумерен раст!

 

ФАО Индексот на цените на месото во април во просек бележеше 101,3 поени, што е за 1,7 поени повеќе (1,7 проценти) во однос на март месец. Ова претставува седмо последователно месечно зголемување од месец септември 2020 и за 3% повисок индекс во однос на април месец минатата година. И покрај растот овој индекс покажува поумерени варијација на цените за месо од однос на житариците.

Во април месец се зголемија цените на говедско и овчо месо како резултат на зголемената побарувачка од Источна Азија на која одговори стабилната понуда од Океанија која пак беше поддржана од обнова на стадото. Дополнително, солидната внатрешна продажба во неколку региони што произведуваат од овој тип на месо беше дополнителна сила за раст на цените. Растот на цените кај свинско месо е воден од континуираните високи набавки од Источна Азија.

Европската унија и понатаму го зголемува увозот на свинско месо со исклучок на Германија која се уште води превентивна политика на увоз на свинско месо  заради загриженоста од африканската свинска чума. Цените на месо од живина останаа стабилни како резултат на избалансираните глобални пазари.

Автор: Благоја Муканов

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

 

Категории: Пазари