Тридневна временска прогноза (07.07.2021)

Тридневна временска прогноза (07.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 7 – 9 јули 2021 година

 

Среда 07.07.2021: Претежно сончево и топло со мала локална облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите поради продор на топла воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на понатамошен пораст. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени

Четврток 08.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер  претежно од северен правец и иситот повремено на некои места ќе засилува. Температурите поради влијанието на топлата воздушна маса од југ ќе останат многу високи. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.

Петок 09.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Температурите и понатаму ќе останат високи и тоа под влијание на топлата воздушна маса од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 22 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.