Четврток 09.12.2021: Променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд, додека на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Температурите наутро сеуште ќе бидат ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе бидат повисоки за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.
Петок 10.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд и снег на планините. Температурите ќе бидат значително повисоки и тоа поради јужното воздушно струење, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
Сабота 11.12.2021: Облачно со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, најизразен во источните предели. Температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатите неколку денови, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.
Четврток 09.12.2021: Променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -1 и 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени.
Петок 10.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Ќе има услови за повремен локален дожд и снег на планмините. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 4 и 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 8 и 10 степени.
Сабота 11.12.2021: Облачно со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Снежната граница има услови да се спушти и на местата со надморска височина од под 1000 метри. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 3 степени.
Четврток 09.12.2021: Променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до околу -2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 8 степени.
Петок 10.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 10 степени.
Сабота 11.12.2021: Облачно со врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 9 степени.
Четврток 09.12.2021: Променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во вечерните часови ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, додека максималните ќе бидат повисоки за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.
Петок 10.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 10 степени.
Сабота 11.12.2021: Облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 6 степени.
Не очекува пад на температурите, особено во утринските часови. Препорачливо е зимските градинарски култури на отворено да се заштитат со поставување на мали тунели со полиетилен. Дополнително, расадот кој што се спрема соодветно да биде заштитен со дополнително и засилено затоплување.