Среда 20.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Претпладне во југозападните предели ќе има позначителна облачност. Под влијание на топлата воздушна маса од југ, температурите остануваат релативно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степени.
Четврток 21.10.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од јужен и од југоисточен правец. Сепак локално ќе има и нешто позначителна облачност. Температурите остануваат релативно високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степени.
Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со мала локална облачност. Повеќе облачност ќе има во западните предели, каде ќе има услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурите остануваат релативно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.
Среда 20.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 5 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 16 степени.
Четврток 21.10.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени.
Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 6 и 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.
Среда 20.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 18 степени.
Четврток 21.10.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 19 степени.
Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 7 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 21 степен.
Среда 20.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 6 степени, додека масималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 17 степени.
Четврток 21.10.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 7 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 19 степени.
Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 19 степени.
Количината на паднатиот дожд многу позитивно ќе влијае врз растворувањето на минералните ѓубрива и ќе овозможи добар старт на житариците кои што ќе се сејат.
Топлата воздушна маса и умерениот ветер на некои места ќе придонесе кон сушење на површинскиот слој од почвата, што ќе создаде оптимални услови за нејзина обработка.