Тридневна временска прогноза (28.05.2021)

Тридневна временска прогноза (28.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  28 – 30 мај 2021 година

Петок 28.05.2021: Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локална појава на дожд и услови за појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и тоа најизразен Долж Повардарието. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Сабота 29.05.2021: Сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во западните планински предели. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

 

Недела 30.05.2021: Сончево со умерена локална облачност. Попладне во западните планински региони ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој Долж Повардарието ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.