(Видео) Јапонско револуционерно откритие – полимерена лента како замена за почва
Јапонците пронајдоа нова метода во одгледувањето на растенијата, со употреба на полупропустлива полимерна лента наместо почва.
Првично овој вид на пластика бил наменет за размена на материи во вештачки бубрези, но по неуспешна имплементација неговата употреба била наменета за нешто сосема друго – замена за почва во градинарското хидропонско производство.
Овој полимер овозможува прицврстување на ситните коренови влакненца и селективна пропустливост, односно пропустливост на хранливи материи.
Дијаметарот на дупчињата кои пропуштаат вода и хранливи материи e толку ситен што штетните микроорганизми и вируси не можат да поминат низ нив. Ова овозможува безгрижно производство или барем решавање на одредени проблеми кои што се јавуваат во конвенционалното производство.
Освен тоа што овој начин на производство ги решава проблемите со патогените, растенијата кои што се одгледуваат на полимерниот филм се и повкусни, односно имаат поголемо ниво на шеќери. Ова се должи на фактот што за да се абсорбира водата преку полимерниот филм, растенијата треба да создадат поголема вшмукувачка моќ и внесуваат количина на вода само онолку колку што им е нужно потребна.
Полимерниот филм има и друга намена, а тоа е создавање на специјални канистри за течности кои што овозможуваат долготрајно чување без опасност од расипување.
За да добиете целосна слика како функционира изумот погледнете го видеото:
Автор: Марио Петковски
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.