Повеќе од 2.000 жерави угинаа од птичји грип во природниот резерват во северниот дел на Израел, а се проценува дека околу 10.000 птици се заразени, соопшти Израелската управа за природа и паркови.
Во Израел секоја година се регистрира птичји грип, но годинава угинале голем број жерави.
Заразата со птичји грип е откриена во живинарски фарми во северен Израел и Министерството за земјоделство ја стопира продажбата на јајца од тие фарми.
Ризикот од пренесување на птичји грип на луѓето е многу низок, но експертите од Израелската управа за природа и паркови потсетуваат дека вирусот Х5Н1 може да биде многу опасен ако се зарази човекот.
Извор:France24
Категории:
Вести