Откриен птичји грип на фарма во Холандија

Откриен птичји грип на фарма во Холандија

 

Власти во Холандија открија присуство на многу заразен сој на птичји грип на фарма во северниот дел на земјата. Како превенција, околу 170.000 кокошки ќе бидат уништени за да се спречи натамошното ширење на инфекцијата.

Околните фарми во провинцијата Северна Холандија ќе бидат затворени додека се вршат тестирања за вирусот Х5Н1 и додека не се утврди дали инфекцијата се проширила, се додава во соопштението на холандското Министерство за земјоделство.

Од избувнувањето на оваа заразна болест во 2021 година во Холандија се убиени стотици илјади кокошки, патки, мисирки и десетици диви птици.

 

Категории: Вести