Производителот на дронови ХАГ ја демонстрираше ефикасноста во апликација на пестициди: 16 хектари јачмен третирани за еден час

Производителот на дронови ХАГ ја демонстрираше ефикасноста во апликација на пестициди: 16 хектари јачмен третирани за еден час

 

Во изминатиот период во една од најголемите земјоделски стопанства во Украина (Агро-Регион), извршена е практична демонстрација за оценување на ефективноста на специјализираните земјоделски дронови за апликација на пестициди од компанијата ХАГ. Компанијата ХАГ потекнува од Кина и претставува една од најголемите компании во светот кои што се фокусирани на производство на специјализирани беспилотни летала и возила за извршување на разни агротехнички операции во земјоделството.

Целта на демонстрацијата била да се утврди ефикасноста на овие дронови, бидејќи според изјавата на оперативниот директор на Агро-Регион, Володимир Кравцов, тој никогаш не ги гледал дроновите како индустриски алатки за апликација на пестициди. Целиот експеримент е извршен со помош на три дрона кои имаат капацитет од 20 литри на површина од 43 хектари зимски јачмен. Како краен резултат е целосно истретирана површина од 43 хектари за временски период од 53 минути.

Апликацијата на пестициди со помош на беспилотни летала има повеќе предности. Не само што се скратува времетраењето на операцијата, туку и драстично се намалува употребата на вода. Во некои случаи употреба на водата може да се намали и до 95%, што претставува навистина олеснителна околност за земјоделците кои што немаат пристап до извори на вода. Исто така, се намалува и компактноста на почвата, бидејќи прскањата во полјоделството претставуваат скоро една третина од сите агротехнички операции кои што треба да се извршат за една сезона. Дополнително, уште една предност во користењето на овој тип на технологии е што при влажна почва може да се изврши третирање за разлика од тешката механизација каде што оваа операции е невозможно да се изврши.

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Иновации