Каква ќе биде судбината на раноградинарските производи од струмичкото поле?

Каква ќе биде судбината на раноградинарските производи од струмичкото поле?

 

 

Засега нема конкретна информација што ќе се случи со раноградинарските производи од струмичката котлина. Извозот на зелката, која традиционално се извезуваше во Украина и Русија, останува да стои под знак прашалник. Од Министерството за земјоделство велат дека се бараат алтернативни пазари и можност да се зголемат финансиските средства во интервентниот фонд за помош и поддршка на раноградинарите.

Пред самиот почеток на бербата на пролетната зелка, Министерството за земјоделство будно ќе ги следи тековите. Барале алтернативни пазари, средби со амбасади, 4.300 денари по хектар зелена нафта по претходно утврдена методологија за работа.

Министерот Николовски од Струмица порача дека раноградинарите ќе бидат опфатени и со новиот интервентен фонд, од кој најголем дел од мерките се за полјоделството и сточарството, но ќе бараат начини како да се зголемат финансиските средства и за раноградинарството.

Земјоделците загрижени дека сè уште нема конкретни информации каде ќе заврши нивното производство. Бараат и финансиска поддршка и за набавка на репроматеријалите, чии цени рапидно пораснаа.

За десеттина дена од струмичката котлина се очекува на пазарите да се појават првите зелки, краставици, пиперки, домат. Земјоделските експерти велат дека производството на некои раноградинарски производи е зголемено за 30-тина отсто, што дополнително прави притисок на земјоделците, каде ќе го пласираат родот.

 

Категории: Вести, Слајдер