Се зголемуваат цените на бензините и на дизелот

Се зголемуваат цените на бензините и на дизелот

 

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,386 ден/кг и сега ќе изнесува 44,213 ден/кг.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V),  ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 2,00 ден/лит.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,50  ден/лит и 70,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98,  а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 71,00 ден/лит.

 

Категории: Вести