Стопанска комора апелира: Тутунопроизводителите да се придржуваат до договорените количини тутун за да не се појават вишоци

Стопанска комора апелира: Тутунопроизводителите да се придржуваат до договорените количини тутун за да не се појават вишоци

 

За да се избегнат минатогодишните проблеми со вишок на тутун, Стопанската комора на РМ упати апел до тутунопроизводителите да се придржуваат до договорените количини тутун. Минатата сезона беше произведена поголема количина на тутун од договорената, па откупните компании им излегоа во пресрет на производителите и го откупија вишокот, но годинава ако  тоа се случи предупредуваат дека нема да има позитивен исход.

Сите мора да се држиме до правилата и ако постои Закон сите мора да го почитуваат. Мора да постои баланс помеѓу производителите и откупувачите, бидејќи компаниите се ограничени согласно потребите на светскиот пазар и ги обврзуваат одредени законски прописи.

Од комората велат дека минатогодишната лоша реколта ја урнала цената на тутунот. Во однос на 2019-тата година таа е намалена за 25 отсто. Дел од откупните компании не го земале договорениот тутун, но инспекторатот истите не ги гонел.

За реколтата 2021 тутун е засаден на над 11 илјади хектари и се очекува производството да надмине над 22 илјади тони.

 

Категории: Вести