Четврток 02.09.2021: Претежно сончево и посвежо, со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите поради спуштање на посвежа воздушна маса од север ќе бидат пониски за разлика од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат пониски, особено наутро и тоа поради влијанието на свежата воздушна маса од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат, па така минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Четврток 02.09.2021: Претежно сончево и посвежо со умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 23 и 24 степени.
Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 8 и 9 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 27 степени.
Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 25 и 27 степени.
Четврток 02.09.2021: Претежно сончево и посвежо со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 12 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 27 степени.
Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 11 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 28 степени.
Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 11 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 28 степени.
Четврток 02.09.2021: Сончево и посвежо. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 23 степени.
Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 27 степени.
Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 28 степени.
Поради високиот УВ индекс апел до сите земјоделци да водат грижа за своето здравје за време на работа !
Паднатата количина на дожд може да создаде поволни услови и да го забрзаат процесот на развивање на бактериски и габни инфекции. Препорачливо е да се обрне поголемо внимание врз посевите на отворено, но и во затворен простор.
Температурите имаат тенденција на опаѓање, може да се забележи успорен раст кај одредени култури.