Вторник 02.11.2021: Под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран од запад, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кој до крајот на денот во најголем дел од Македонија ќе престанат. Локално и тоа особено на запад ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог, а ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат нешто пониски за разлика од изминатите денови, особено оние максималните, додека минималните ќе бидат во пораст и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.
Среда 03.11.2021: Променливо облачно и ПОТОПЛО со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Ветерот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите поради јужното воздушно струење, ќе бележат тенденција на пораст, и тоа како минималните, така и максималните дневни температури. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степени, и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината.
Четврток 04.11.2021: Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите на воздухот ќе бидат високи и натпросечни за овој период од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.
Вторник 02.11.2021: Претежно облачно со врнежи од дожд кој до крајот на денот ќе престанат. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 4 и 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 15 и 18 степени.
Среда 03.11.2021: Променливо облачно и ПОТОПЛО со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 19 и 21 степени.
Четврток 04.11.2021: Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 21 и 23 степени.
Вторник 02.11.2021: Претежно облачно со врнежи од дожд кој до крајот на денот ќе престануваат. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 13 степени.
Среда 03.11.2021: Променливо облачно и ПОТОПЛО со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 20 степени.
Четврток 04.11.2021: Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 20 степени.
Вторник 02.11.2021: Претежно облачно со врнежи од дожд кој до крајот на денот ќе престанат. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Среда 03.11.2021: Променливо облачно и ПОТОПЛО со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степен.
Четврток 04.11.2021: Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.
Не очекува поголема количина на паднат дожд. Дождот позитивно ќе влијае врз поледелските култури, но од друга страна ќе предизвика застој во работата на тешката механизација на полињата.