Тридневна временска прогноза (12.04.2022)

Тридневна временска прогноза (12.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 12 – 14 април 2022 година

Вторник 12.04.2022: Сончево и потопло преку ден со слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде ДОСТА СТУДЕНО со појава на мраз на повеќе места, па така минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени. 

Среда 13.04.2022: Сончево и ПОТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат повисоки за разлика од изминатите утрини но сепак понекаде сеуште ќе се спуштаат под нулата, и истите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степени.

Четврток 14.04.2022: Претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури сеуште понекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.