Тридневна временска прогноза (16.02.2022)

Тридневна временска прогноза (16.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 16 – 18 февруари 2022 година

 

Среда 16.02.2022: Умерено до значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Минималните температури насекаде ќе бидат позитивни и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Четврток 17.02.2022: Сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури остануваат насекаде во позитива и истите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.

Петок 18.02.2022: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури остануваат речиси насекаде позитивни и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој период од годината.