Среда 16.03.2022: Сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден со умерена облачност. Особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, што значи дека ќе бидат повисоки за разлика од другите утрини. Значително повисоки ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
Четврток 17.03.2022: Променливо облачно со појава на локален дожд и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури и тоа поради облачноста ќе бидат повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7 степени, додека максималните ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите два дена и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Петок 18.03.2022: Променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со услови за локални послаби врнежи од дожд и снег на ниските, и само од снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени и ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Среда 16.03.2022: Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 14 степени.
Четврток 17.03.2022: Променливо облачно со услови за локален дожд и снег на планинските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени.
Петок 18.03.2022: Променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, додека на планинските места ќе има врнежи само од снег, а ќе дува и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните темпераратури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 1 и 2 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 6 степени.
Среда 16.03.2022: Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 14 степени.
Четврток 17.03.2022: Променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 11 степени.
Петок 18.03.2022: Променливо облачно со услови за слаби локални врнежи претежно од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 6 степени.
Среда 16.03.2022: Сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени.
Четврток 17.03.2022: Променливо облачно со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени.
Петок 18.03.2022: Променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
Временските услови кои што ќе го карактеризираат периодoт кој следува овозможуваат извршување на резидбата кај овошните и лозовите насади. При овие температури, папките кај овошките и виновата лоза сеуште се во латентна (заспиена) фаза.
Константните врнежи од дожд и снег поволно влијаат кон заситување на почвите со вода, но од друга страна, на површини со лоша дренажа може да се јави застој на вода кој во комбинација со ладното време може да создаде штети на кореновите системи кај зимските сорти на поледелските култури како што се пченицата и јачменот.