Четврток 16.09.2021: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат високи и над просекот за овој дел од годината. Наутро сепак ќе биде свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Петок 17.09.2021: Сончево и натпросечно топло со умерена облачност. Ќе започне да дува умерен, особено во западните предели повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Под влијание на топлата воздушна маса од југ, температурите остануваат значително повисоки од просечните. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Сабота 18.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд, особено во северните предели. Попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Температурите на воздухот, поради влијанието на топлата воздушна маса од југ остануваат високи и над просекот за овој дел од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).
Четврток 16.09.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 29 степени.
Петок 17.09.2021: Сончево и натпросечно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 31 степен.
Сабота 18.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 29 степени.
Четврток 16.09.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 11 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 31 степен.
Петок 17.09.2021: Сончево и натпросечно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до околу 14 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 32 степени.
Сабота 18.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од западен правец, кој повремено ќе засилува на интензитет. Попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до околу 15 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 33 степени.
Четврток 16.09.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 31 степен.
Петок 17.09.2021: Сончево и натпросечно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен и западен правец, и истиот повремено и локално ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 33 степени.
Сабота 18.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 30 степени.
Посебно внимание треба да се посвети на есенското ѓубрење и избирање на вистинскиот период за извршување на операцијата. Недоволната количина на паднат дожд и сушата негативно влијаат врз минералните ѓубрива и го забрзуваат процесот на ослободување на азотот во атмосферата.