Понеделник 17.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе започне да дува засилен, локално и повремено СИЛЕН ветер од југозападен и од западен правец (локално над 60 км/час), додека во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Во текот на ноќта на северозапад и на запад ќе има услови за повремен локален дожд со послаб интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.
Вторник 18.05.2021: Сончево со умерена локална облачност. Во претпладневните часови во западните предели ќе има услови за ретка појава на слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.
Среда 19.05.2021: Сончево, додека попладне и кон крајот на денот облачноста локално ќе се зголемува и ќе има услови за локален краткотраен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од југозападен и од западен правец, и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.
Понеделник 17.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со засилен ветер од југозападен и од западен правец. Во текот на ноќта ќе има услови за слаб локален дожд. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 23 и 25 степени.
Вторник 18.05.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер, претежно од западен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштат до околу 11 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 22 степени.
Среда 19.05.2021: Сончево, попладне со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и од западен правец, и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат помеѓу 7 и 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат помеѓу 22 и 23 степени.
Понеделник 17.05.2021: Промнливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер, претежно од јужен и од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 25 степени.
Вторник 18.05.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 12 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 23 степени.
Среда 19.05.2021: Сончево, попладне со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 25 степени.
Понеделник 17.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.
Вторник 18.05.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер претежно од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 22 степени.
Среда 19.05.2021: Сончево, попладне со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 24 степени.
Поради влошување на временските услови, можно е одложување на сите операции кои се во насока на заштита на растенијата. Од силниот ветер постои опасност пестицидите да не бидат аплицирани на посакуваното место и да завршат на места каде што можат да ја загрозат водата, корисните инсекти и други култури.