Понеделник 19.07.2021: Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).
Вторник 20.07.2021: Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе бидат замо за некој степен повисоки. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).
Среда 21.07.2021: Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и на истокот повремено засилен ветер од северен правец. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).
Понеделник 19.07.2021: Променливо облачно и нестабилно со повремен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално не се исклучува можноста за појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 27 степени.
Вторник 20.07.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 30 степени.
Среда 21.07.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со умерен северен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 29 степени.
Понеделник 19.07.2021: Променливо облачно и нестабилно со услови за повремен локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Минималната температура ќе се спушти до околу 17 степени, додека максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.
Вторник 20.07.2021: Сончево со умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до околу 18 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 32 степени.
Среда 21.07.2021: Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до околу 19 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 32 степени.
Понеделник 19.07.2021: Променливо облачно и нестабилно со повремен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен.
Вторник 20.07.2021: Сончево со умерена облачност. Попладне има помали услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 31 степен.
Среда 21.07.2021: Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец и истиот повремено и локално ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 29 степени.
Периодот на влошени временски услови продолжува. Поројните дождови кои што се краткотрајни, но со многу јак интензитет можат да ја нарушат структурата на почвата. Од голема важност се дренажните системи за зачувување на самата почвена структура и намалување на степенот на задржување на водата. Овие системи треба да бидат имплементирани скоро на секое поле без разлика дали ќе бидат обични бразди за одвод на водата или пак софистицирани подземни цевки.
Поради високиот УВ индекс апел до сите земјоделци да водат грижа за своето здравје за време на работа !