Понеделник 29.11.2021: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели, додека на планините врнежите ќе бидат од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите и понатаму ќе бидат релативно високи и тоа поради јужното воздушно струење и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 17 степени во најтоплите предели.
Вторник 30.11.2021: Под влијание на продор на студена воздушна маса од север, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Снежна покривка ќе се формира и на повисоките места, додека на планините ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми. Поради заладувањето услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.
Среда 01.12.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Поради разведрувањето наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Понеделник 29.11.2021: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, додека на планините ќе паѓа снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени.
Вторник 30.11.2021: Претежно облачно и студено со врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец, додека поради заладувањето услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 1 степен, додека максималните ќе се искачат до околу 3 степени.
Среда 01.12.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Наутро ќе биде студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -5 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 7 степени.
Понеделник 29.11.2021: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд и услови за локална појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од западен правец, додека ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 9 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 12 степени.
Вторник 30.11.2021: Претежно облачно и значително постудено со услови за повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 6 степени.
Среда 01.12.2021: Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Поради разведрувањето наутро ќе биде студено со минимална температура која ќе се спушти до околу -3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 8 степени.
Понеделник 29.11.2021: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен ветер од западен и од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.
Вторник 30.11.2021: Претежно облачно и студено, особено претпладне со услови за повремени врнежи од дожд, додека снежната граница има услови да се спушти и на некои пониски места. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 5 степени.
Среда 01.12.2021: Претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 8 степени.
Не очекува нагло спуштање на температурите, особено во утринските часови. Препорачливо е зимските градинарски култури на отворено да се заштитат со поставување на мали тунели со полиетилен. Дополнително, расадот кој што се спрема соодветно да биде заштитен со дополнително и засилено затоплување.