Понеделник 06.12.2021: Под влијание на поголем влажен бран, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2). На повисоките планини ќе има врнежи од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите нема многу да се менуваат во однос на оние кои ги имавме во изминатите денови, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.
Вторник 07.12.2021: Поради спуштање на студена воздушна маса од север, времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. На повисоките места и на планините ќе се формира нова снежна покривка, а услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на значително опаѓање, особено максималните дневни. Додека минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.
Среда 08.12.2021: Претежно сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Поради разведрувањето минималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.
Понеделник 06.12.2021: Облачно со врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени.
Вторник 07.12.2021: Облачно и студено со врнежи од дожд. На повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а снежната граница има услови да се спушти и на местата со надморска височина од под 1000 метри. Ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 3 степени, додека максималните ќе се искачат помеѓу 3 и 5 степени.
Среда 08.12.2021: Претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималните температури ќе се спуштаат помеѓу -4 и -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 7 степени.
Понеделник 06.12.2021: Облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 11 степени.
Вторник 07.12.2021: Облачно со врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 3 степени.
Среда 08.12.2021: Претежно сончево со мала локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 6 степени.
Понеделник 06.12.2021: Облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.
Вторник 07.12.2021: Облачно и студено со врнежи од дожд и од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштат до околу 0 степени, а максималните ќе се искачат до околу 2 степени.
Среда 08.12.2021: Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -3 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 3 степени.
Не очекува пад на температурите, особено во утринските часови. Препорачливо е зимските градинарски култури на отворено да се заштитат со поставување на мали тунели со полиетилен. Дополнително, расадот кој што се спрема соодветно да биде заштитен со дополнително и засилено затоплување.