Сабота 08.01.2022: Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повеќе врнежи ќе има во јужните и во југоисточните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите и понатаму остануваат пониски за разлика од изминатите денови, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.
Недела 09.01.2022: Претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Ќе има појава и на повремен локален дожд и снег на планините. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.
Понеделник 10.01.2022: Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. На повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Сабота 08.01.2022: Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 1 степен, додека максималните ќе се искачат до околу 8 степени.
Недела 09.01.2022: Претежно облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени.
Понеделник 10.01.2022: Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 3 и 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 8 степени.
Сабота 08.01.2022: Претежно облачно со услови за повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 2 степени, додека максималната ќе се искачат до околу 10 степени.
Недела 09.01.2022: Претежно облачно со услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 8 степени.
Понеделник 10.01.2022: Облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 10 степени.
Сабота 08.01.2022: Претежно облачно со услови за повремени локални послаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 1 и 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.
Недела 09.01.2022: Претежно облачно со услови за повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 8 степени.
Понеделник 10.01.2022: Облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.